НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА: Мицкоски со претседателката на ЕБОР за поголема соработка и поддршка на економските приоритети

Vecer | 22.10.2026

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНИЈА: Мицкоски со претседателката на ЕБОР за поголема соработка и поддршка на економските приоритети

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора, остварил средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо.

Мицкоски за средбата информираше преку објава на Фејсбук, истакнувајќи дека разговарале за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

– Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, наведува премиерот во објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk