logo
logo
logo

НОВИ УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВИТЕ НА ЕУ, претходна пријава и плаќање такса

Vecer | 17.08.2023

НОВИ УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ДРЖАВИТЕ НА ЕУ, претходна пријава и плаќање такса

На сопствениците на американски пасоши кои ќе ја посетат Европа следната година ќе им треба специјално одобрение за патување

Од сопствениците на американски пасоши ќе се бара да имаат ново овластување за патување за да влезат во 30 европски земји на кои ќе им биде потребен ETIAS веќе од следната година.

Поради новиот закон кој стапува на сила во 2024 година, на сите оние кои имаат пасоши на САД ќе им треба овластување за патување од Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS).

Според Форбс, програмата беше одобрена во 2016 година и всушност требаше да биде спроведена минатата година (2022). Пандемијата и „недоволната инфраструктура“ го предизвикаа одложувањето.

Што е ETIAS?

Европскиот систем за информации и овластување за патување е ново овластување за патување кое ќе биде потребно за патување и престој во земјите членки помалку од 90 дена.

На кого ќе влијае ова?

ETIAS се однесува на оние кои не се државјани на ЕУ, оние кои немаат дозвола за престој/картичка/документ издаден од земја-членка за која е потребен ETIAS, и оние кои се државјани на овие земји ослободени од виза,  меѓу кои е и Македонија заведена под ФИРОМ.

Кои земји бараат ETIAS?

30 европски земји ќе бараат ETIAS за државјани без визи. Можете да ги најдете овде.

Каков е процесот на аплицирање?

Патниците можат да аплицираат онлајн. Апликантите ќе поднесат такса од 7 евра.

Што ви е потребно за да аплицирате?

Ќе ви треба валиден патен документ на кој може да се приложи вашиот ETIAS. Поконкретни детали може да се најдат овде.

Колку долго важи вашиот ETIAS?

Три години или додека не ви истече важноста на пасошот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk