logo
logo
logo

Мисајловски на состанок на НАТО во базата Рамштајн во Германија

“Поддршка за Украина, во одбраната на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет“

Vecer | 06.09.2024

“Поддршка за Украина, во одбраната на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет“

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во воздухопловната база Рамштајн во Германија, учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина, на кој за првпат учествуваше и украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

-Заедно со останатите министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји уште еднаш ја потврдивме поддршката за Украина, во одбраната на својата независност, територијалниот интегритет и суверенитет. Остануваме посветени кон поддршката на Украина и украинските граѓани во напорите за заштита на нивната татковината, соопшти Мисајловски на социјалните мрежи.

На маргините на состанокот, Мисајловски остварил средби со неговите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со државниот секретар за одбрана и шеф на одделот за одбранбена политика, планирање и меѓународни односи на Романија на кои ја потврдиле заложбата за траен мир во Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk