logo
logo
logo

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОМАЛКУ ДЕЦА, статистиките не се на арно

Vecer | 30.08.2024

ПОМАЛКУ БРАКОВИ, ПОМАЛКУ ДЕЦА, статистиките не се на арно

Најновите податоци на Државниот завод за статистика за наталитетот во Македонија откриваат дека имаме повторно негативен природен прираст.

Бројките покажуваат дека во второто тримесечје од 2024 година, живородени се 3.840 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 7,2 отсто.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2024 година бележи зголемување од 0,3 проценти во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 4.711 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, односно - 871 лице, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2024 година, склучени се 2.533 бракови, што претставува намалување за 22,6 проценти во споредба со истиот период од  2023 година.

Во ова тримесечје се добиени 390 извештаи за разведени бракови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk