logo
logo
logo

КОИ УЛИЦИ ЌЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ ДЕНЕСКА - Посебен режим на сообраќај во Скопје

Vecer | 01.05.2025

КОИ УЛИЦИ ЌЕ СЕ ЗАТВОРЕНИ ДЕНЕСКА - Посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје известува дека денеска со почеток во 11:00 часот, поради одржување на протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ со движење лево по ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р. Македонија, соопшти МВР.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk