logo
logo
logo

Илија Димовски, сатарски

“СДСМ е кола произведена во новата фабрика во Тетово...“

Vecer | 02.12.2023

“СДСМ е кола произведена во новата фабрика во Тетово...“

СДСМ е кола, произведена во новата фабрика во Тетово...му одговори Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Ковачевски, кој денеска изјави дека СДСМ е автомобил којшто вози до Вашингтон и Брисел.

„Од друга страна кај ДПМНЕ што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил“, рече денеска во одговор на новинарско прашање премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Споредете го тоа со една кола која што ја гледате. Тоа е кола која што ве вози во Вашингтон каде што се депонирани потписите за членството во НАТО. Тоа е кола која што обезбеди почнување на преговорите со ЕУ, ве води во Брисел. Тоа е кола која што овозможи над 600 евра просечна плата во државата. Која овозможи 50 oтсто зголемување на минималната пензија. 50 отсто зголемување на просечната пензија, намалување на невработеноста од 24 отсто на 13 отсто и дополнително 2 отсто во текот на идната година. Највисоки капитални инвестиции во историјата на државата. Ние за 2 години 2022 и 2023 ќе имаме една милијарда капитални инвестиции реализирани. Тоа е кола која што го реализира Коридорот 8 и впрочем тоа е кола која што вреди да се има. Од друга страна што имате, имате кола направена од стиропор која што никој не би ја купил“, рече Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk