logo
logo
logo

Стојаноски: Интерпелацијата e доказ за глодарство, злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес, освен политичко профитерство

Vecer | 29.04.2025

Стојаноски: Интерпелацијата e доказ за глодарство, злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес, освен политичко профитерство

„Имаме можност денес да дебатираме по поднесената интерпелација за министерот Панче Тошковски. И мислам дека неколку работи денес треба да бидат кажани, директно кажани, јасно со цел да растуриме некои премиси кои што се создаваат во јавноста, како и која е целта на ова интерпелација, затоа што сметам дека многу неискреност има и многу зборови се споменаа во досегашните дискусии како морал, како одговорност, а за несреќа на оваа држава барем во претходните десет години можеме да направиме еден пример како се поставува по ваква трагедија, а како се постапувало, или не се постапувало во претходниот период, но и да видиме една одвратна малодушност и политички рефлектирано глодарство кое се граничи со мизерни и нечовечки особини“, прецизираше во своето излагање пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница каде што се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски.

Стојаноски е категоричен дека за поднесената интерпелација ќе биде потппишан писмен доказ за глодарство и злоба на политички актери кои што немаат никаков друг интерес освен политички да профитираат.

„Интерпелацијата ќе биде писмен доказ, потпишан доказ за глодарство, злоба и една бескруполозност на политички актери кои што немаат никаков друг интерес, освен политички да профитираат“, категоричен е Стојаноски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk