Уапсена турска државјанка на аеродромот во Скопје затоа што користела фалсификуван онлајн билет за лет на релација Скопје – Истанбул, како и поседување фалсификувана белгиска патна исправа.
„На 7 јануари 2025 година, во 14:20 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ја лишија од слобода 32-годишната С.Д., државјанка на Република Турција. Причината за апсењето е користење на фалсификуван онлајн билет за лет на релација Скопје – Истанбул, како и поседување фалсификувана белгиска патна исправа“, информира МВР.
По апсењето, С.Д. била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. Случајот е во процес на истрага, а надлежните органи најавуваат дополнителни информации по завршувањето на постапката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата