logo
logo
logo

Уживајте го викендов, ОД ВТОРНИК ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Vecer | 08.09.2024

Уживајте го викендов, ОД ВТОРНИК ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Празничниот ден не очекува генерално сонце, но во попладневните часови синоптичарите најавуваат наоблачување и краткотраен дожд.

- Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност - соопштуваат од УХМР.

Поголема промена на времето ќе настане од понеделник, за кога метеоролозите најавуваат претежно променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

- Попладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд, наместа пороен проследен со грмежи и засилен ветер - нагласуваат од УХМР.

Температурата во понеделник ќе биде малку пониска од деновиве и ќе се движи од 13 до 21 степен наутро, додека максималната ќе се искачи од 23 до 29 степени.

Во вторник и понатаму променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 30л/м2), силен ветер и град.

Температурите ќе бидат во сличен интервал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk