Во две контроли вчера на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ на МВР во два одвоени настана, ги уапсиле Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.
Полицајците првин сопреле автомобил „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.И. и при преглед на возилото биле пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а возачот уапсен.
Во вториот настан, полициските службеници сопреле автомобил „мерцедес” со скопски таблички, управуван од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а возачот уапсен.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
The post Запленети на автопат 272 парчиња разновидна брендирана стока и 174 парчиња рачен алат appeared first on NetPress.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата