logo
logo
logo

Заврши доказната постапка за модуларната- ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА 12 МАЈ

Vecer | 22.04.2025

Заврши доказната постапка за модуларната- ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА 12 МАЈ

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8 септември 2021 година изби во модуларната болница во Тетово при што животот го загубија 14 лица.

Во текот на денешната главната расправа прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази дадени на сведоци предложени од одбраната на обвинетите.

Кога судијата Реџеп Муса констатираше дека заврши доказната постапка ги праша сите страни во процесот дали може да се продолжи расправата со завршен збор.  Адвокатот Илчо Гавровски, бранител на обвинетиот Бесими, побара одбраната да добие препис на електронски докази, што беше одбиено од судот. Судијата обраложи дека истите електронски докази веќе биле репродуцирани на 18 март 2025 и дополнително барање за издавање на препис на такви докази е во спротивност на начелото за ефикасна и економична постапка.

По барање на адвокатите на бранителите и согласност на полномошниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12 мај со почеток во 10 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk