logo
logo
logo

НОВ СКАНДАЛ: Приведен Дејан Манасков

Vecer | 15.12.2025

НОВ СКАНДАЛ: Приведен Дејан Манасков

По вечерашниот пораз од Охрид, битолчани тешко го прифатија резултатот од дербито во Суперлигата. Освен инцидентите и искршената врата во гостинската соблекувална, приведен е и ракометарот Дејан Манасков.

Како што информира СВР Охрид, на 14.12.2025 година во 20.20 часот во полициска станица бил приведен Д.М. (33), ракометен играч од Скопје и член на клуб од Битола.

Тој по завршувањето на натпреварот во спортската сала „Биљанини Извори“, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А., помошен тренер на домашниот клуб.

Настанот е пријавен и се работи на негово целосно расчистување. По завршување на постапката, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Инаку, Охрид го совлада Еурофарм Пелистер со 29-25 (13-11) во рамки на 17. коло од домашното првенство

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk