logo
logo
logo

Ако Ла Лига повторно не го смени правилото, Винисиус го чека долго „ладење“!

Vecer | 04.01.2025

Ако Ла Лига повторно не го смени правилото, Винисиус го чека долго „ладење“!

Кој би помислил дека Цезар Сото Градо ќе биде судијата што ќе му покаже црвен картон на Винисиус Жуниор и кој би помислил дека Бразилецот го чека тешка суспензија.

По исклучувањето од „Местаља“, според правилата на Ла Лига, Винисиус би морал да добие суспензија минимум четири меча до максимални 12 за удирање на Столе Димитриевски.

Дополнителен проблем е што Винисиус го нападна судијата кога Сото Градо му го покажа црвениот картон, камерите снимија се и Ла Лига ќе мораше да го вклучи тоа однесување при одредувањето на дополнителната казна.

За среќа на Реал Мадрид, црвените картони и суспензиите важат за сите натпреварувања под капата на Ла Лига, што значи дека Бразилецот би можел да го одработи поголемиот дел од Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп.

Реал Мадрид е домаќин на нисколигашот Депортиво Минера во Купот на кралот (6 јануари), потоа патува за Ријад, каде на 9 јануари ќе го одигра полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против Мајорка, а потенцијално и финалето на 12-ти против подобриот тим од натпреварот Барселона – Атлетик Билбао.

Доколку Винисиус добие суспензија од четири натпревари, ќе пропушти само еден првенствен натпревар против Лас Палмас на 19 јануари на „Сантијаго Бернабеу“.

Ја чекаме одлуката, но потсетуваме дека правилото вели дека играч кој намерно ќе удри или физички нападне противник се казнува со забрана од четири до 12 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk