logo
logo
logo

Ако не сака Осимен, Јувентус ќе го донесе Лукман

Vecer | 09.04.2025

Ако не сака Осимен, Јувентус ќе го донесе Лукман

Јувентус го разгледува Адемола Лукман како алтернатива на Виктор Осимен, доколку не успее да го донесе актуелниот играч на Галатасарај за следната сезона. Торинскиот весник „Тутоспорт“ објави дека спортскиот директор на Јуве, Кристијано Џунтоли го смета Осимен за главна трансфер цел за претстојното лето, но клубот не е подготвен да ги исполни финансиските барања на напаѓачот. Нигериецот наводно сака да заработи околу 10 милиони евра, а тоа е преголема сума за „Старата Дама“.

Во овој поглед, Јувентус сериозно размислува за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман. Се наведува дека Џунтоли разговарал со спортскиот директор на тимот од Бергамо, Тони Д’Амико за можен трансфер, а Аталанта е подготвена да ги разгледа понудите за Лукман вредни над 60 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk