logo
logo
logo

Ако Вини си оди тогаш трансферната цел на Реал ќе биде само еден и никој друг: Со него “кралевите“ ќе бидат непобедливи!

Vecer | 15.04.2025

Ако Вини си оди тогаш трансферната цел на Реал ќе биде само еден и никој друг: Со него “кралевите“ ќе бидат непобедливи!

Вистинска “бомба“ денеска лансираа одредени медиуми блиски до Реал Мадрид, поточно новинари и инсајдери кои ги знаат приликите во најголемиот клуб во светот.

Имено се говори дека Винисиус ако не ова лето, тогаш во јуни 2026 веројатно ќе ја прифати понудата од С. Арабија вредна милијарда евра за пет години. И Флорентино Перез секако дека нема да му дојдат тие 350 милиони евра отштета за Бразилецот.

Е, сега ако ова се случи тогаш Реал Мадрид и дефинитивно ќе тргне по најдобрата “деветка“ во светот, а тоа е Ерлинг Халанд. Само тој е трансферна цел како замена за Винисиус и никој друг. Јасно е дека до него тешко ќе се дојде, Халанд има важечки договор со Манчестер Сити и ја зема најголемата годишна плата на било кој фудбалер во светот, не мислиме на С. Арабија, но Реал си е Реал.

Се вели дека со него Реал Мадрид едноставно ќе биде непобедлив.

Математиката е јасна. Со тие 350 милиони евра Перез ќе може да ги купи Ерлинг Халанд и Флоријан Вирц, а тука се и Мбапе и Белингем, и да има страшен тим кој би владеел во наредната деценија во светскиот фудбал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk