logo
logo
logo

Аморим: Луѓето велат дека не сме доволно добри, нашата цел е да го промениме начинот на кој размислуваме

Vecer | 12.03.2025

Аморим: Луѓето велат дека не сме доволно добри, нашата цел е да го промениме начинот на кој размислуваме

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека навистина е важно „црвените ѓаволи“ да успеат да победат во реваншот со Реал Сосиедад и да продолжат во 1/4-финалето од Лигата на Европа, за да може учеството на турнирот да даде нова енергија во настапот на тимот во последните месеци од сезоната. Тимот од Олд Трафорд има многу слаба сезона и веќе е елиминиран од двата локални купа, а во Премиер-лигата се само на 14. место во поредокот.

„Мислам дека да бидам искрен, сите, јас и играчите, оваа сезона настапуваме под нашите можности. Се вклучувам во ова. Зборуваме за Касемиро, но ова е фудбалер кој освои се. Секој од нас може многу подобро, а тоа е она на што е нашиот фокус во моментов – промена на начинот на размислување. Важно е да продолжиме бидејќи тоа ќе ни даде енергија да ја продолжиме сезоната. Нема да менуваме многу, но тоа ќе даде поттик“, започна Португалецот.

Тренерот го потврди и враќањето на Мејсон Маунт на тренинзите, но експлицитно истакна дека утрешниот натпревар доаѓа прерано за него. Играчот од средниот ред не играше од средината на декември.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk