Во првиот денешен дуел од Примера програмата екипите на Осасуна и Мајорка одиграа супер интересно реми со конечни 2:2.
Серијата голови стартуваше во 35. минута кога Ведат Муричи ги доведе гостите во водство.
Косовецот во 61. минута зголеми на 0:2, за да Вирџили добие црвен картон па Мајорка остане со десетмина.
Гарсиа возврати со сопствено искучување, за да силите бидат израмнети, а потоа во последните моменти следуваше шок за гостите.
Барха најпрво намали на 1:2, за да Анте Будимир во четвртата минута од продолжението погоди за конечни 2:2.