logo
logo
logo

„Арсенал ќе биде шампион со најгрдата игра во историјата на лигата“

Vecer | 04.03.2026

„Арсенал ќе биде шампион со најгрдата игра во историјата на лигата“

фото: Carabao Cup (X)

Арсенал ја врати предноста од пет бода на врвот на Премиер лигата со победата од 2-1 над Челзи, но стручниот коментатор Крис Сатон излезе со сериозни обвинувања кон лондончани за стилот на игра. Сатон, кој работи како стручен коментатор за Би-Би-Си, не е импресиониран од начинот на кој се развива фудбалот.

Тој вели дека лошо е тоа што тимовите од Премиер лигата почнуваат повеќе да користат прекини, особено Арсенал, но ниту еден тим не постигнал повеќе голови од прекини од Арсенал. Арсенал брзо се приближува кон својата прва титула во Премиер лигата по 22 години, но Сатон вели дека тоа би била тутула освоена со најгрдата игра во историјата.

„Арсенал повторно постигнува голови од прекини. Мислам дека ќе ја освојат оваа титула. Ако ја доведат сезоната до титула, мислам дека тие ќе бидат шампион со најгрдата игра во историјата на лигата. Не видов некакви специјални перформанси во нивната игра“, вели Сатон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk