logo
logo
logo

Асистентот на Клоп седна на клупата на клубот со 11 едноподруго учества во ЛШ

Vecer | 15.05.2024

Асистентот на Клоп седна на клупата на клубот со 11 едноподруго учества во ЛШ

Долгогодишниот асистент на Јирген Клоп во Ливерпул, Пеп Линдерс седна на клупата на австрискиот Ред Бул Салцбург. Од клубот ја објавија зделката со холандкиос тренер кој потпиша договор за три сезони.
Линдерс ќе земе со себе си уште еден тренер од екипата на Клоп – Витор Матош, кој помина пет години на „Енфилд“.
За 41-годишниот стратег ова е втор обид да се проба како тренер. Во јануари 2018 година го напушти Ливерпул за да го предводи НЕЦ Нијмеген. Тамо се задржа само три месеци, а потоа се врати на „Енфилд“.
Линдерс работеше на „Енфилд“ уште пред да дојде Клоп кога му беше помошник на Брендан Роџерс. Салцбург освои 11 едноподруго титули во Австрија и има 11 едноподруго учества во ЛШ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk