logo
logo
logo

“Бомба“ во најава: Арсенал и дефинитивно тргнува по Влаховиќ!

Vecer | 11.12.2024

“Бомба“ во најава: Арсенал и дефинитивно тргнува по Влаховиќ!

Како што пренесуваат медиумите на Островот, раководството на Арсенал и тренерот Микел Артета одлучиле дека тимот мора да се засили со квалитетен напаѓач и тоа по можност уште во јануари. Изборот е Душан Влаховиќ, напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Србија. Се пренесува и тоа дека Арсенал има намера да му понуди на Јуве најмалку 70 милиони евра се со цел да се дојде до договор. Во случај ако не може во јануари, тогаш ќе се настојува тоа да се случи во летниот преоден рок.

Се чини дека и челниците, а посебно Артета, конечно сфатија дека без класичен шпиц и гол – играч, нема шанси да дојде до титулата во Премиер-лигата. Нешто што тоа Арсенал се амбицира во последно време.

Искрено, Арсенал има супер тим и супер поединци, но нема екстра класичен шпиц а без него не се доаѓа до врвни успеси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk