logo
logo
logo

ДЕНЕС НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Vecer | 12.03.2025

ДЕНЕС НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе се соочи со Словенија во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот.

– Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние ќе се обидеме да ја играме нашата игра. Имаме млада и полетна екипа. Треба да го практикуваме стилот што го прикажавме на Светското првенство. веруваме во позитивен исход и ќе се бориме максимално, изјави Лазаров.

Натпреварот ќе се игра вечер со почеток од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

По првите две кола Словенија е прва во групата со четири бодови, Литванија и Македонија имаат по два, Естонија е последна без освоен бод

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk