logo
logo
logo

Чукна часот: Луис Суарез во солзи (ВИДЕО)

Vecer | 07.09.2024

Чукна часот: Луис Суарез во солзи (ВИДЕО)

Уругвај и Парагвај одиграа нерешено 0-0 во светскиот квалификациски натпревар КОНМЕБОЛ. Натпреварот на стадионот во Монтевидео беше последен за Луис Суарез. Легендарниот напаѓач пред неколку дена објави дека става крај на репрезентативната кариера. Тој го предводеше тимот со капитенската лента, а пред одморот ја погоди стативата.

Домаќините имаа повеќе шанси за гол, но ги пропуштија. Парагвајците исто така би можеле да ја извлечат победата. Во поредокот, Уругвај е на второто место со 14 бодови, додека Парагвај има само 6 бодови и е во долната половина од пласманот.

По последниот свиреж на судијата, Суарез почна да плаче, додека соиграчите дојдоа до него и се обидуваа да го утешат.

Во дресот на Уругвај одигра 143 натпревари и постигна 69 голови. За се што и дал на репрезентацијата доби плакета од фудбалскиот сојуз.

После тоа почнаа да се појавуваат прошталните пораки од неговите соиграчи и селектори, прво му се обрати Оскар Табарес, а потоа на поранешниот соиграч од Барселона, Лионел Меси.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk