logo
logo
logo

Де Брујне: Сезоните се се подолги, но на УЕФА и ФИФА им е гајле, нив ги интересираат пари

Vecer | 06.09.2024

Де Брујне: Сезоните се се подолги, но на УЕФА и ФИФА им е гајле, нив ги интересираат пари

Белгискиот играч на Манчестер Сити, Кевин де Брујне ги критикуваше УЕФА и ФИФА поради згуснатиот календар на натпревари. Според него од сезона во сезона се зголемува бројот на натпревари, а на никого не му е грижа за тоа.
Сезоните стануваат се подолги. Можеби оваа сезона е во ред, но календарот ќе биде уште покомплициран со СП 2026. Унијата на фудбалери бара решенија, но ништо не се менува. На УЕФА и ФИФА не им е гајле. Нив ги интересираат само парите“, изјави асот на Манчестер Сити.

За истото зборуваше и неговиот соиграч Бернардо Силва кој додаде дека во текот на една сезона, поради големиот број на натпревари, поминува многу малку време со својата фамилија.

Како што е познато од оваа сезона, поточно по завршување на сезоната, од 15 јуни па до 13 јули стартува новото Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 eкипи меѓу кои и Манчестер Сити. Тоа значи и уште натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk