Италијанскиот стручњак Фабио Канаваро и официјално стана тренер на Динамо Загреб, откако денеска потпиша договор со „модрите“.
Канаваро позираше ден пред прозивката на тимот во пресрет на зимските подготовки.
Заедно со него во тимот во кој се и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе биде и првиот помошник Франческо Троаз и тренерот Еугени Албарело, неговите соработници од претходните клубови.
“Тоа е животот. Сè може да се случи брзо, а вие треба да бидете подготвени. Пред два месеци ме повикаа од Динамо, па почнав да добивам информации за клубот. Ги проучував играчите и видов како можат да играат подобро. Важно е дека тие се трудат и даваат се од себе, а тренерот треба да ја организира играта“, изјавил Канаваро на промоцијата.