logo
logo
logo

Дон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!

Vecer | 14.11.2025

Дон Карло смета дека неговиот Бразил не е меѓу фаворитите на СП!

Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Како што се наближува стартот на СП 2026, така растат тензиите во оние најфудбалски земји, како што е Бразил. Иако реално “Кариоките“ немаат таков тим како во минатите години, сепак тоа е Бразил, фановите ја посакуваат шестата титула светски првак. Посебно ако се знае дека последната беше освоена дури во 2002 година на Мундијалот во Јапонија и Ј. Кореја.

На ова свој коментар има селекторот Карло Анчелоти, кој ја изненади светската јавност со коментарот дека Бразил не е меѓу главните аспиранти за трофејот.

Фаворити? Како и секогаш, тоа се Шпанија, Аргентина, Франција, Германија, Англија и Португалија. Но треба да се биде внимателен, јас очекувам во текот на Мундијалот да има големи изненадувања. Што се однесува до Бразил, имаме искусни и квалитетни играчи. Нашите фанови посакуваат да го освоиме трофејот и ние ќе се обидеме да го сториме тоа“ истакна покрај другото Италијанецот на клупата на Бразил.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk