logo
logo
logo

Драма на „Ст. Џејмс Парк“: Ливерпул се спаси со пенал во последните секунди

Vecer | 23.08.2026

Драма на „Ст. Џејмс Парк“: Ливерпул се спаси со пенал во последните секунди

Њукасл Јунајтед беше на чекор до победа во премиерното коло на новата премиерлигашка сезона, но Луис Хол направи пенал во последните секунди од судиското продолжение со што им овозможи на фудбалерите на Ливерпул да се спасат од поразз. На „Сент Џејмс Парк“ натпреварот заврши 2-2, а гостите од „Енфилд“ можат да бидат многу посреќни со освоениот бод.

Домашниот тим го започна натпреварот брилијантно и поведе во петтата минута, а стрелец беше Еланга. Овој гол беше единствен во првото полувреме.

Во второто полувреме, Ливерпул започна многу поофанзивно. Периодот на подобра игра го круниса Гакпо во 55-тата минута, кој прекрасно постигна гол од околу 20 метри за резултат од 1:1. Сепак, радоста на гостите траеше само две минути кога Виса направи одличен потег, му ја додаде топката на Вилок, кој прекрасно погоди за 2:1.

Откако го примија голот, „црвените“ тргнаа по израмнување, но освен неколку полушанси, не успеаја сериозно да го загрозат голот на домашниот тим. Кога се очекуваше дека „страчките“ ќе го забележат својот прв триумф во сезоната, следеше вистинска драма. Буквално во последните секунди, по една длабока топка, Хол го собори Муњоз во шеснаесетникот, а судијата оправдано покажа на белата точка.

Собослај беше реализатор за конечни 1:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk