logo
logo
logo

Екс-фудбалер на Атлетико го плукна судијата откако му сврте грб (ВИДЕО)

Vecer | 04.11.2024

Екс-фудбалер на Атлетико го плукна судијата откако му сврте грб (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хјустон Динамо се елиминирани во осминафиналето од плеј-офот за шампионот во МЛС од Сиетл Саундерс, кои го добија вториот натпревар во оваа серија. Но, натпреварот го одбележа мексиканскиот играч за врска Хектор Херера поради црвен картон откако го плукна судијата.

Ерера најпрвин доби жолт картон поради прекршок врз гостински играч и беше незадоволен што судијата му покажа картон, а потоа направи срамен потег кој ги шокираше сите.

Кога судијата се сврте, Мексиканецот го плукна, а откако ВАР собата му кажа што се случило, без двоумење му покажа на Херера директен црвен картон и пат до соблекувалната.

 

34-годишниот фудбалер играше во Европа со многу успех за Порто, каде остана шест години, а потоа се пресели во Атлетико Мадрид, каде остана три сезони. Кога неговиот договор истече пред две години, тој реши да замине во МЛС и потпиша за Хјустон Динамо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk