logo
logo
logo

Еве колку заработи “македонскиот“ Борац Бања Лука со настапите во Европа!

Vecer | 14.03.2025

Еве колку заработи “македонскиот“ Борац Бања Лука со настапите во Европа!

Минатиот пат известивме колку Борац Бања Лука, кој со право може да се каже дека е и “македонски“ поради Николов, Шишковски и Херера, заработи од Европа оваа сезона, но сега тие сум се конечни.

Познато е дека тимот од БиХ, вчера беше елиминиран во 1/8 финалето во Лигата на Конференции од Рапид Виена.

Па така Борац за своите одиграни вкупно 18 меча во Европа, од јули па наваму, вкупно заработи неверојатни за наши услови 7,2 милиони евра.

Јасно е дека оваа сума и тоа како добро ќе му дојде на тимот од БиХ, ако се знае дека буџетот на годишно ниво на овој клуб е речиси двојно помал од таа наведена сума.

Се разбира дека од примерот на Борац треба да учат и нашите клубови. Секако дека, барем засега, Динамо Загреб и Ц.Звезда од овие простори се недотстижни, ама зошто некој наш клуб не го повтори успехот на еден Борац Бања Лука?


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk