logo
logo
logo

„Форбс“: Роналдо и оваа година е најплатениот фудбалер во светот

Vecer | 17.10.2024

„Форбс“: Роналдо и оваа година е најплатениот фудбалер во светот

Магазинот „Форбс“ го објави рангирањето на најплатените фудбалери во светот за 2024 година. На првото место со значителна разлика од оној кој с енаоѓа на втората позиција е португалската ѕвезда во составот на Ал Наср, Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на португалската репрезентација има заработка од 285 милиони долари, што е за 150 милиони повеќе од онаа на Лионел Меси, кој е втор на ова рангирање со заработка од 135 милиони долари.

Третото место на листата го зазема Нејмар, кој иако цела година нема шутнато топка, во тековната 2024 година ќе инкасира 110 милиони долари.

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ФУДБАЛЕРИ:

  1. Кристијано Роналдо, Ал-Наср — 285 милиони долари годишно.
  2. Лионел Меси, Интер Мајами — 135 милиони

3 Нејмар, Ал-Хилал — 110 милиони

  1. Карим Бензема, Ал-Итихад — 104 милиони
  2. Килијан Мбапе, Реал Мадрид – 90 милиони
  3. Ерлинг Халанд, Манчестер Сити — 60 милиони
  4. Винисиус Жуниор, Реал Мадрид – 55 милиони
  5. Мохамед Салах, Ливерпул — 53 милиони
  6. Садио Мане, Ал-Наср – 52 милиони
  7. Кевин Де Брујне, Манчестер Сити — 39 милиони

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk