logo
logo
logo

Гасперини го одби Јувентус, решил да ја прифати понудата на Рома

Vecer | 30.05.2025

Гасперини го одби Јувентус, решил да ја прифати понудата на Рома

фото: Atalanta B.C. (X)

Џан Пјеро Гасперини нема да биде нов тренер на Јувентус. Според информациите на весникот „Газета дело Спорт“, досегашниот тренер на Аталанта ја одбил понудата на „Старата Дама“.

Гасперини денеска разговарал со идниот генерален директор на „бјанконерите“ Дамиен Комоли, но тој не успеал да го убеди да се нафати да го води Јуве следната сезона.

„Поминав неколку часа избирајќи меѓу Јувентус и Рома и се одлучив за втората опција“, наводно изјавил Гасперини по средбата со Комоли.

Во преговорите со Римјаните тој постигнал многу поголем напредок. Забележано е дека раководството на Јувентус се обидело да го ангажира Гасперини по иницијатива на Џорџо Кјелини. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk