logo
logo
logo

Гасперини подобар од Фабрегас на “Олимпико“: Рома го урна Комо!

Vecer | 15.12.2025

Гасперини подобар од Фабрегас на “Олимпико“: Рома го урна Комо!

ФОТО: AS Roma/FB

Рома го победи Комо на домашен терен со резултат од 1:0, во последниот натпревар од 15-то коло на италијанската Серија А.
Натпреварот на „Олимпико“ го реши бразилскиот „бек“ Весли Франс, со гол во 61-та минута.
„Волчицата“ со тоа се врати на победничкиот колосек. Неодамна се искачија на првото место на табелата, па беа „приземјени“ со два последователни порази против Наполи и Каљари, а сега се четврти со 30 бода, што е само три помалку од водечкиот Интер.
Комо е седми, го израмни вториот пораз, по дебаклот против Интер, и остана на 24 бода.
Ова беше тешка средба за гледање, вистинска „шаховска партија“ играа тренерите на двата тима, Џанпјеро Гасперини и Сеск Фабрегас, имаше премногу тактика, цврстина и претпазливост, но на крајот, овој прв и многу поискусен стратег беше среќен.
Победничкиот гол падна во 61.минута, кога топката стигна до Весли Франс, а Бразилецот ја погоди „малата мрежа“ во спротивниот агол со моќен удар од првата од околу 13 метри, за 1:0.
Играта не се отвори по овој гол, сепак беше „рововска битка“, а во таков однос силата на Рома го совлада ривалот и спаси три бода, со кои се враќа на самиот врв на табелата.
Рома, покрај лидерот Интер, е единствениот тим во лигата без нерешен резултат оваа сезона. Досега има регистрирано 10 триумфи и пет порази.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk