logo
logo
logo

Германија после 2026 година можеби ќе треба да бара нов селектор

Vecer | 14.10.2024

Германија после 2026 година можеби ќе треба да бара нов селектор

Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман одговори на прашање за неговата иднина во репрезентацијата. Неговиот договор е до 31 јули 2026 година.

„Кога започнувате работа, имате одредена самодоверба. Имавме добро Европско првенство и постигнавме многу. Сè уште не знам дали ќе останам по 2026 година, но се чувствувам многу удобно на оваа позиција“, рече на тренерот Баерн и Германија.

Нагелсман ја предводи германската репрезентација од 2023 година. Под негово водство, овој тим на 16 натпревари забележа 9 победи, 3 порази и 4 ремија.

На домашното ЕП 2024 Германија се пласираше во четвртфиналето каде загуби од Шпанија со 1:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk