Откако Јирген Клоп објави дека ја презема функцијата во Ред Бул, каде ќе биде одговорен или глобален шеф на тимовите по покривителство на оваа компанија, Германецот се соочува со големи критики, посебно тие доаѓаат од неговата земја.
Дел од фановите посочија дека се “продаде“, дека ги предал своите фудбалски идеали.
Најжесток во критиките беше новинарот Гинтер Клајн, кој на социјалните мрежи буквално напиша:
“Тој е ист како и сиоте други! Тој е лажен како и неговите заби“.
По се ова се чини дека Клоп и дефинитивно ќе ги загуби симпатиите и од обичните фанови, посебно оние на Ливерпул и Борусија Дортмунд, познато е дека тој за нив беше вистински херој.