Англискиот репрезентативец Иван Тони го напушти Брентфорд и ги засили редовите на Ал Ахли од Саудиска Арабија. Неофицијално Ал Ахли ќе плати 40 милиони евра за реализација на трансферот.
А играчот ќе заработи 60 милиони евра за три години со што е еден од најплатените играчи во Саудиска Арабија.
Тони во кариерата играше за Нортемптон, Њукасл, на позамици во Барнсли, Шрузбери, Виган, Сканторп, Питерборо, а во 2020 година дојде во Брентфорд. Тој беше суспендиран 11 месеци поради обложување.