logo
logo
logo

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Vecer | 07.12.2025

Хамбургер поуспешен во „голеадата“ од Вердер

Тимот на Хамбургер ја искористи предноста на домашниот терен и успеа вечерва да биде поуспешен од Вердер Бремен со конечни 3:2.

Одличниот натпревар имаше пресврти, интензитет, многу шанси и конечно пет гола.

Гостите дојдоа во водство преку Стаге во 45. минута. Локонга во 63. минута израмнува на 1:1, а во 75. минута Лука Вушковиќ им носи предност на домаќините од 2:1.

Џастин Њинмах три минути подоцна израмнува на 2:2, за да во 84. минута Поулсен повторно нови домашна предност и ги поставува конечните 3:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk