logo
logo
logo

Колку плати Ангола за да ги донесе Аргентина и Меси во Луанда?

Vecer | 15.11.2025

Колку плати Ангола за да ги донесе Аргентина и Меси во Луанда?

фото: Pubity Sport (X)

Вчера репрезентацијата на Аргентина ја победи репрезентацијата на Ангола со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Луанда, како прослава на 50-годишнината од независноста на африканската земја.

Според „Мундо Депортиво“, Аргентинската фудбалска асоцијација „наплатила“ 12 милиони долари за учеството на националниот тим на овој натпревар. Интересно е што во една од клаузулите во договорот меѓу двете федерации за организација на овој пријателски меч било и името на Меси, кој морал да се појави во Луанда за да се исплати целата сума од договорот вреден 12 милиони долари.

Ангола со вооружено востание во Луанда на 4 февруари 1961 година и формално го заврши процесот на независност, кој заврши на 15 јануари 1975 година, со потпишувањето на Алворскиот договор, со кој Ангола ја доби својата независност од Португалија.

Инаку, Федерацијата на Ангола реши билетите за овој меч да чинат само 1 долар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk