Ете и тоа се случи, и Манчестер Сити победи и тоа на гости кај Лестер со 0:2. Секако дека оваа победа ќе донесе малку радост кај “граѓаните“, малку ќе им влее самодоверба, иако реално шампионот имаше и среќа посебно ако се знае дека на 0:1 домашниот состав на Лестер имаше барем три зицери за израмнување.
По оваа победа најзадоволен ќе биде Пеп Гвардиола кој денеска на овој меч го имаше јубилејниот 500-ти натпревар како стратег на Манчестер Сити.
Конечно и Савињо погоди, ама беше и најдобар на теренот. Прво во 21.минута за водство од 0:1 на својот тим за да во 74.минута прекрасно му асистираше на Халанд кој по подолго време постигна гол. Ова е уште причина за задоволство кај сите во овој клуб, а посебно за Пеп Гвардиола.
Дали оваа победа значи завршување на очајните настапи на Сити и почеток на една долга победничка серија?
Останува да се види.