logo
logo
logo

Консеисао: Правиме неиспровоцирани грешки, јас сум виновен

Vecer | 06.04.2025

Консеисао: Правиме неиспровоцирани грешки, јас сум виновен

Тимот на Милан синоќа не успеа на свој терен да освои три бода во ремито против Фиорентина од 2:2. Домаќинот речиси од „соблекувална“ губеше со 0:2, откако Фиорентина постигна два брзи гола на стартот на мечот. Потоа домаќинот се мачеше да стигне и до реми, а победата овојпат беше недостижна.

Тренерот Консеисао, секако незадоволен од развојот на настаните, потенцираше дека непотребно тимот прави грешки, за кои што вината ја презема токму тој.

„Направивме индивидуални грешки, не само во одбраната. Нашиот пристап во првите 25 минути беше многу лош. Нашиот план воопшто не беше таков. Но, јас сум тренерот и ја преземам одговорноста. Имавме многу разговори и играчите ми дадоа позитивни сигнали во последните неколку дена. Натпреварот против Интер минатата недела беше многу поинаков, бевме избалансирани и правевме помалку грешки. Секогаш сум велел дека класата на играчот не е во една работа, туку во многу нешта“ – изјави Консеисао.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk