Јувентус славеше победа од 3:2 на гостувањето кај Лајпциг, но го загуби стоперот Бремер кој се повреди и ќе мора да отсуствува најмалку шест месеци од терените. Од клубот ја потврдија повредата на дефанзивецот и се работи за предните вкрстени лигаменти.
Што се однесува до Нико Гонзалез кој исто така се повреди на истиот меч, неговата повреда на бутниот мускул не е сериозна и тој ќе се врати по неколку неделна пауза.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата