Чудесен меч во германската Бундес лига. Во дербито на колото, актуелниот шампион Баер Леверкузен е поразен од РБ Лајпциг на свој терен со 2:3 и покрај тоа што водеше со 2:0. Гостите направија пресврт и ги однесоа бодовите.
Лајпциг од 26 минута имаа и играч помалку поради исклучувањето на Розе. Баер поведе со 2:0 со голови на Фримпонг и Грималдо, но гостите намалија во последните секунди од првиот дел со гол на Кампл.
Во второто полувреме иако имаа 10 играчи во поле направија пресврт. Луис Опенда со два гола го скрши првакот.
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас цел меч го помина на клупата.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата