Стив МекМанаман во свое време беше еден од најдобрите фудбалери во светот. Легендраниот Агнгличанец играше и за репрезентацијата на своја земја, а како некогашен член на Реал Мадрид секако дека ги „брани“ интересите на “кралевите“.
Па така МекМанаман го коментираше инцидентот на вчерашниот меч меѓу Пабло Мафео и Винисиус Жуниор од полуфиналето во Суперкупот на Шпанија а се осврна и на инцидентот од Ла Лига меѓу Бразилецот и Столе Димитриевски по што Вини беше суспендиран на два меча откако го удри македонскиот голман:
„Што прави тој? Ова е одвратно од Мафео. Срамно е ова што го прави, одвратно! На последниот меч во Ла Лига Винисиус само го допре голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, а овој падна како да го удрил Мајк Тајсон. Тоа е патетично“ искоментира МекМанаман.
Навистина што ли гледа славниот Англичанец? Едно е да ги браниш Вини и Реал Мадрид, а друго е да ја искривуваш вистината.
Треба и тој да знае дека Вини е проблемот.