logo
logo
logo

ЛН: Италија парадираше на „Паркот на Принцовите“, Белгија очекувано славеше над Израел (ВИДЕО)

Vecer | 06.09.2024

ЛН: Италија парадираше на „Паркот на Принцовите“, Белгија очекувано славеше над Израел (ВИДЕО)

По цели 16 години, Италија успеа да слави на официјален натпревар против Франција. Вечерва на стартот на Лигата на нации во сегментот „А“, Италијанците со пресврт славеа на „Паркот на Принцовите“ во Париз со 3:1 и покажаа дека во овој состав на Спалети има квалитет за нови врвни дострели.

Франција почна одлично и уште во 1. минута со голот на Бредли Баркола дојде до водство од 1:0. Иако се чинеше дека тоа ќе биде голем плус за „петлите“, Италија се врати за реми со фантастичниот гол од волеј на Димарко во 30. минута.

Во второто полувреме кога сите очекуваа Франција да нападне, следуваше „студен туш“ за домашните фанови. Фратези по одлична асистенција на Ретеги во 51. минута ги доведе „аѕурите“ до 1:2, а Распадори со гол во 74. минута ги постави и конечните 1:3.

Вечерва во најсилната конкуренција во Лигата на нации, Белгија со 3:1 славеше дома над Израел. Два гола за Белгија постигна Де Брујне (еден од пенал), а еден гол беше дело на Тилеманс.

Во Б-сегментот од Лигата на нации вечерва Исланд ја победи Црна Гора со 2:0, Словенија и Австрија одиграа нерешено 1:1, исто како и Велс и Турција, каде мечот заврши со почетните 0:0.

Во Ц-сегментот Косово беше убедливо поразен од Романија на домашен терен со 0:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk