logo
logo
logo

Ловрен: Бројките на Салах се лудост, Ливерпул како да не е свесен што ќе загуби!

Vecer | 10.02.2025

Ловрен: Бројките на Салах се лудост, Ливерпул како да не е свесен што ќе загуби!

Некогашниот дефанзивец на Ливерпул, Хрватот Дејан Ловрен е збунет од односот на „црвените“ кон својот најдобар фудбалер Мохамед Салах. Ловрен вели дека не може да поведува дека Ливерпул може да си дозволи да го загуби египетскиот голгетер.

„Морам внимателно да ги избирам зборовите бидејќи знам многу. Сите сакаат тој да остане, а јас исто така. Му се јавив завчера и му реков: „Мо, размисли за себе. Погледни што направи за овој клуб, погледни на што си способен“. Дојдов до заклучок дека клубот не го почитува до степен до кој што заслужува Мо, но тоа е друга работа. Сите се согласуваат дека никој нема статистика како Салах, не само оваа сезона, туку и последните 5-6. Таа не е само импресивна – таа е луда. И мислам дека не добива доволно внимание, и покрај овие статистики. Да беше Меси или Роналдо, секој ден ќе слушавме зошто се уште не е обновен неговиот договор или зошто се уште не добил соодветна понуда“, вели Ловрен.

Хрватот не крие дека Салах е поблиску до заминување отколку да остане во Ливерпул.

„Се надеваме дека работите ќе се променат, но на крајот парите остануваат важен фактор. Сепак, Салах заслужува повеќе од пари. Освен тоа, прашање е кој ќе го замени. Како да го замените? Ова би било моето прво прашање до раководството: кој ќе ви го даде она што го дава Салах?“, заврши хрватскиот дефанзивец кој сега настапува за грчки ПАОК.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk