logo
logo
logo

ЛШ: Барса и ПСЖ сигурно чекорат кон полуфиналето (ВИДЕО)

Vecer | 09.04.2025

ЛШ: Барса и ПСЖ сигурно чекорат кон полуфиналето (ВИДЕО)

Каталонскиот гигант Барселона и со две нозе зачекори кон полуфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва во првото четвртфинале со Борусија (Д) оствари убедлива победа од 4:0 на својот стадион, и со голема предност ќе замине на реваншот следната недела во Германија. Барселона е на чекор да обезбеди полуфинале во најсилното европско натпреварување за првпат по пауза од 6 години, по онаа неверојатна елиминација од Ливерпул во 2019 година.

На патот до полуфиналето оваа година, Каталонците ги водеа извонредните 90 минути на домашен терен вечерва. Жестокиот притисок на избраниците на Флик даде резултат по само 25. минути кога со голот на Рафиња, Барса поведе со 1:0. Иако имаше шанси и за повеќе голови, на одмор се замина со овој резултат.

Во вториот дел по само три минути Левандовски погоди за 2:0, овој пат по асистенција на Рафиња, а истиот фудбалер во 66. минута со својот втор гол ја донесе Барса и со 3:0. Конечните 4:0 за домашните беа дело на младата ѕвезда на тимот Јамал, кој погоди по асистенција на Левандовски во 77. минута и стана најмладиот фудбалер во ЛШ кој има одиграно 20 меча со возраст од 17 години.

ПСЖ со одлична предност од 3:1 заминува во Англија на реваншот за полуфинале. Астон Вила за налку неуспеа да извлече минимален пораз против доминантните домаќини, кои според играта, заслужија далеку поубедлив триумф.

Интересно е што Астон Вила прва поведе. Со голот на Роџерс во 35. минута момците на екс-тренерот на парижани, Унаи Емери имаа водство од 0:1. Тоа не ги вознемири домашните, кои само четири минути подоцна со еден евро-гол на Дуе успеа да израмни на 1:1 и со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел со голот на Кваратскелија во 48. минута ПСЖ успеа да поведе со 2:1 и во продолжението да наниже уште неколку одлични шанси, кои останаа без реализација се до 92. минута. Тогаш на сцена стапи Мендес кој погоди за 3:1 и му донесе голем исчекор на францускиот првак кон полуфиналето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk