logo
logo
logo

ЛШ: Рајс фантастичен, Арсенал фантастичен, “кралевите“ на колена, триумф на Интер во Минхен! (ВИДЕО)

Vecer | 08.04.2025

ЛШ: Рајс фантастичен, Арсенал фантастичен, “кралевите“ на колена, триумф на Интер во Минхен! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа двата први мечеви од 1/4 финалето во во ЛШ. Спектакл во Лондон, спектакл и во Минхен.

Арсенал – Реал Мадрид 3:0 на „Емирејтс“. Уф, каков меч одигра Арсенал – ФАНТАСТИЧЕН.

Реал Мадрид одамна не сме го виделе така немоќен, надигран, торпедиран. Дали уште вечерва во Лондон тимот на Дон Карло се прости од одбрана на престолот.

Делклан Рајс со два фанастични гола од слободни удари, во 58. и 70.минута, за да Мерино во 75.минута зголеми на 3:0.

Четата на Микел Артета имаа шанси да му нанесат вистинска катастрофа на Реал, да не говориме дека во првиот дел не им беше досуден чист пенал.

Баерн Минхен – Интер 1:2 на вториот меч вечерва. Лаутаро со прекрасен гол во првиот дел му донесе водство на тимот од Милано, за да во 85.минута Томас Милер израмни на 1:1. Сепак во 88.минута Фратези одново му носи водство на својот Интер, и победа.

Реваншите во Мадрид и Милано се играат следната среда.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk