Реал Мадрид, бранителот на европската круна го запиша првиот пораз во новата сезона од Лигата на шампионите. Во 2.коло изгуби на гостувањето кај Лил. И покрај тоа што ги донесоа Мбапе и Ендрик за да формираат ѕвезден напаѓачки ред, сепак, според поранешниот играч на „кралевите“, Предраг Мијатовиќ ова не личи на Реал.
„Дефанзивно, тимот не е лош. А ни Лил не одигра добар натпревар. Мислам дека Реал мора многу да поправа. Проблемот против францускиот тим беше токму во редот за врска. Премногу физикалии, а премалку креативност. Чуамени, Каманвинга и Валверде се развиени, физички силни, но тврди кога ја имаат топката во нозете. Недостасува вистинскиот Лука Модриќ, сега го нема ни Тони Крос и овој среден ред не одговара на филозофијата на Реал“, изјави Мијатовиќ за „Кадена СЕР“.
Против Лил на местото на Мбапе играше младиот Ендрик за кој Мијатовиќ смета дека не би требало да игра.
„Ендрик уште не е спремен да биде стартер. Потребно е некое време да влегува од клупата, кога нивото на противничката екипа опаѓа и тоа да го искористи со голови“, додаде Србинот.