logo
logo
logo

Мурињо: Не знам зошто некој би гледал турски фудбалски шампионат!?

Vecer | 04.11.2024

Мурињо: Не знам зошто некој би гледал турски фудбалски шампионат!?

Како по обичај понеделнички во Турција, фудбалската јавност врие. Причини секогаш има, а овојпат тоа е дербито помеѓу Фенер и Трабзон. Фенербахче обезбеди победа на гостувањето со 3:2, и тоа со гол постигнат длабоко во продолжението преку Софијан Амрабат. Тренерот на Фенер Жозе Мурињо еуфорично го прослави триумфот, а потоа се знаеше што следува. Лавина од негативна енергија од трибините, „дожд“ од предмети, и што ли уште не.

По мечот Мурињо во сопствен стил даде изјава која ќе се коментира со денови на основ на регуларноста на самиот шампионато во Турција, кредибилитетот на судииите, атмосферата која на моменти е неподнислива…

„Главен човек на мечот беше Атила Караоглан, ВАР судијата. Невидливиот човек. Главниот судија е мало дете за него. Караоглан е човекот на мечот. Не сакаме повеќе да го видиме на нашите мечеви. Не го сакаме како ВАР судија. Многу од работите ми ги кажаа уште пред да пристигнам тука, но искрено не верував. Но сега гледам дека е полошо и од тоа што ми кажуваа. Ние не играме против тим, ние играме против цел систем. Ова го велам во името на сите навивачи на Фенер. Затоа и вака прославивме победа. Кога доаѓав очигледно дека ми е кажана само половина приказна. Да ја знаев целата немаше да дојдам. Искрено, почнав да гледам мечеви од шампионатот на Турција кога се отвори опцијата да дојдам во Фенер. Не ги гледав претходно зошто никој не ни сака да ги гледа. Кој надвор од Турција сака да го гледа ова? Постојат сериозно квалитетни лиги во кои вакви нешта не се случуваат. Зошто некој би го гледал ова? – распали Мурињо по дуелот со Трабзон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk