logo
logo
logo

Неверојатно: Банка ја спасила Барса од измама вредна милион евра!

Vecer | 17.10.2024

Неверојатно: Банка ја спасила Барса од измама вредна милион евра!

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, а посебно во Каталонија, банка ја спасила Барселона од измама вредна милион евра.

Имено во летото 2022 година при трансферот на Роберт Левандовски во Барселона, вреден 45 милиони евра, каталонскиот гигант требало да му исплати на менаџерот Пини Захави од 1 милион евра.

На официјалната мејл адреса на клубот пристигнало барање од лице кое се преставило како застапник на Захави со барање на неговата адреса да се исплатат парите. Финансиската служба на Барса тоа го сторила, ги уплатила парите, но банката која требало да направи трансфер на тие милион евра ја стопирала целата операција откако виделе дека сметката била од некоја ризична банка на Кипар.

Подоцна истрагата покажала дека на сметката немало никакво поместување на средства и била формирана само за измама.

Значи банката со која работи Барселона била најзаслужна што тие средства не биле фрлени во ветар што се вели.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk