logo
logo
logo

“Никој не ја заслужува титулата повеќе од Хари Кејн!“

Vecer | 25.04.2025

“Никој не ја заслужува титулата повеќе од Хари Кејн!“

Ако не овој викенд, тогаш следниот секако, ако не се случи апокалипса, Хари Кејн за првпат во својата долга кариера ќе освои трофеј. Англичанецот ја игра втората сезона во Баерн Минхен и ете му шанса конечно да освои титула, да го прекине проклетството.

Да потсетиме дека Кејн со Тотенхем не успеа да се радува на пехар, а не успеа ни со репрезентацијата на Англија иако беше финалист на двата последни Европски шампионати.

Веќе во сабота Баерн Минхен може да ја освои титулата во Бундеслигата.

Имено му треба победа над Мајнц на свој терен во 31.коло, а Леверкузен дома да не слави со Аугзбург. На четири кола до крајот “баварците“ имаат плус 8 бода.

Ако го освоиме шампионатот, ако ја освоиме титулата веќе во сабота никој тоа не го заслужува повеќе од Хари Кејн. Тој е лидер, најмногу се бори, работи, постигнува најмногу голови за Баерн“ истакна покрај другото Ули Хенес, почесниот претседател на германскиот гигант.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk