logo
logo
logo

Нов шок за Манчестер Ј.: Заврши сезоната за Амад Диало!

Vecer | 15.02.2025

Нов шок за Манчестер Ј.: Заврши сезоната за Амад Диало!

Уште една катастрофална вест за навивачите на Манчестер Јунајтед. Еден до најдобрите млади фудбалери во Премиерлигата, Амад Диало ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед заработи повреда на скочниот зглоб на тренинг, пишува „Дејли мејл“. Според Фабрицио Романо, заздравувањето на играчот ќе трае три месеци.

Претходно се дозна дека уште тројца играчи на Јунајтед се повредени пред мечот со Тотенхем, а тоа се: Коби Мејно, Мануел Угарте и Тоби Колиер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk